Без разлика дали станува збор за производ или услуга, едно од клучните побарувања кон продуктот на една стопанска организација е високото ниво на квалитет. Несомнено, „квалитетот“ претставува комплексна и повеќеаспектна појава која се фокусира врз еден основен момент – задоволување на потребите на клиентот. Современото управување со квалитетот во големите стопански организации бара создавање на сложен интегриран систем кој вклучува голем број на структури, мерки, идеи и концепти. Во текот на својот развој, системите за управување со квалитетот преминуваат низ различни етапи. Генералната тенденција на таа еволуција е постепениот премин од претставување на квалитетот како „квалитет на производите“ до изградба на целосна претстава за квалитетот како „внесување на нов квалитет во животот на клиентот што произлегува од квалитетот на работниот живот и работната средина на соработникот во организацијата“.
Управување со квалитет – Јордан Ѓорчев, Бојко Соколов, Лилјана Василева
330.00 ден со ДДВ
Корица: мека
Број на страници: 228
Баркод: 9786084689171
Димензии:21 x 14,8 cm
Поврзани продукти
Купи!
Академско пишување
380.00 ден со ДДВ