Учењето е сложен процес што се одвива според одредени педагошко – психолошки законитости и правила кои мора да се почитуваат доколку се сака да се постигне успех, односно ако се сака процесот на учење да резултира со продукција на нови квалитетни информации и знаења. Од моментот на допир со информацијата до нејзино трансформирање во знаење поминува временски период во кој се одвива процесот на учење при што на него може да се гледа на два начин поедноставен (кога за оној кој учи тоа е нешто надворешно – меморира со цел да го зголеми квантумот на знаења, по што следи негова репродукција) и вториот, внатрешен и посложен – учењето е нешто што го правиме со цел подобро да се запознаеме себеси и подобро да го разбереме светот. Според ова со учењето не само што доаѓаме до знаење или вештини, туку и учиме како да мислиме, помниме, чувствуваме и да бидеме личност со одредена структура.
Учење и поучување – педагошко – психолошки аспекти – Горица Поповска
500.00 ден со ДДВ
Корица: мека
Број на страници: 271
Баркод:9786084689614
Број на страници: 271
Баркод:9786084689614
Димензии: 22,9 х 16,2
SKU: 978-608-4689-61-4
Категорија Психологија
Поврзани продукти
400.00 ден со ДДВ
400.00 ден со ДДВ
500.00 ден со ДДВ