Димитар И. Вилазорски, се потруди со свои „коментари“ да ни претстави 57 врвни афористичари од Вардар па до Триглав. Така ќе дознаеме нешто повеќе и за менталитетите на народите од нашата некогашна заедничка татковина.
„Откриен е црногорскиот Сизиф како турка камен од стиропор“, македонскиот „чека некој да го турне“, хрватскиот „му се извинува на каменот што не успеал да го задржи на врвот“… Дознаваме дека „Босанскиот Сизиф туркал трупци“ додека јуословенскиот Сизиф скршнал од патот и дотуркал до Голи Оток. Авторот и воедно составувач на оваа афористичка сизифијада се погрижил да им приреди на љубителите на афористиката едно необично, оргинално издание.
Сизифе, смени го врвот! – Димитар Вилазорски
350.00 ден со ДДВ
Корица: мека
Број на страници: 137
Баркод:9786084689683
Број на страници: 137
Баркод:9786084689683
Димензии: 14,8 х 21,0