Оваа книга е предвидена како „студија на случаи“, бидејќи предмет на истражување се конкретни случаи преземени од правните папируси пронајдени во Египет во текот на XIX век, кои припаѓаат на птолемајскиот и на римскиот период. Имено, направен е избор на папируси напишани на грчки и на латински јазик, кои се однесуваат на жената и нејзината положба во антиката во сите области од живеењето, особено од областа на брачното и на имотното право. Оттука, најголемиот дел од папирусите според содржината се: (пред)брачни договори, договори за развод на брак, потоа документи со кои се потврдува деловната (не)способност на жената, документи што претставуваат тестаменти во кои жената е завештател и во кои таа е наследник, барања упатени до официјални лица во врскасо насилство врз жената, судски спорови во врска со наследство, законски одредби кои илустрираат одредени правила во договорите, цензорски списоци, кои даваат статистички податоци за склучување и разведување на бракови, за раѓањето на деца, итн.
Положбата на жените во антиката – Правни папируси од Птолемајски и Римски Египет – Даниела Тошева
400.00 ден со ДДВ
Корица: мека
Број на страници: 240
Баркод:9786084939009
Број на страници: 240
Баркод:9786084939009
Димензии: 22,9 х 16,2