Трудот „Политика на производ“ е обработен како учебник за со цел да овозможи да се стекнат продлабочени сознанија за производот како главен инструмент на маркетингот, без кој другите инструменти, како што се цената, дистрибуцијата и промоцијата не можат да функционираат, односно нивното функционирање е бесцелно.
Учебникот е систематизиран на начин кој на студентите и другите читатели ќе им овозможи да го разберат значењето на производот како главен инструмент на маркетингот кој треба да овозможи компаниите или фирмите да дојдат до посакуваните купувачи.
Ориентација на авторите е да се стави тежиште врз суштинските и актуелните елементи на производот со помош на кој може да се обезбеди успешно функционирање на компаниите на променливиот и конкурентски пазар на кој се случуваат различни и секојдневни предизвици со унапредување на производите, нивно модифицирање или со лансирање на нови производи.