Инспиративна смарт боенка за боење, играње и фотографирање!
Со помош на оваа боенка имате уникатна шанса да ги оживеете морските животни преку вашата уметност.
Оваa боенка е збир на забавни активности за деца и возрасни кои ги развиваат фантазијата и имагинацијата. За да можете да работите со оваа боенкa ќе Ви бидат потребни боички по Ваш избор и смартфон или таблет. Белите полиња на сите слики може да се бојат со бои и дизајни по Ваш избор и потоа преку апликацијата «Fish2Paint» можете да ги „оживеете“ и да ги движите низ просторот. 3D животните при движењето ќе го имаат истиот дизајн кој Вие ќе го нацртате!
Не плашете се да ја користите Вашата имагинација и да експериментирате со дизајни и бои, можеби ќе успеете да дизајнирате вистинско ремек-дело! Сликите кои се означени со знакчето «Live» го пренесуваат Вашиот дизајн на 3D анимацијата во моментот како што боите. Верувајте ни, ова е многу интересна опција! Можноста да се фотографирате со 3D животните и да ги споделувате фотографиите со Вашите пријатели на социјалните мрежи е уште една причина зошто треба да ја имате оваа боенка. Мобилната апликација за смартфони и таблети може да се инсталира на Андроид (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов).
Внимавајте: За да бидете сигурни дека апликацијата ќе функционира епречено, обидете се да не боите преку задебелените црни линии на сликите.