Учебник кој ги разгледува сите аспекти на менаџирањето со човечките ресурси. Се препорачува за студенти, но и менаџери кои веќе работат или посакуваат да работат во оваа област.
Извадок:
Менаџментот на човечките ресурси е комплексен процес, тесно испреплетен со други аспекти во бизнисот, како што се деловното планирање и стратегискиот менаџмент, а кој треба да е во согласност со визијата на организацијата и нејзините следни чекори во иднина. Успешното задоволување на потребите на организацијата и реализацијата на поставените цели може да се направи со примена на голем број на стратегии за менаџмент на човечките ресурси кои ќе кореспондираат на предвидените промени и стратегиското планирање. Менаџментот на човечките ресурси е стратегиски партнер во придонесот за реализација на посакуваните цели. Тој е насочен кон зголемување на придонесот на вработените и нивната продуктивност, но и остварувањето на нивните социјални и индивидуални цели.