Маркетинг менаџментот е научна, стручна и уметничка дејност за избор на целни пазари и добивање, чување и зголемување на бројот на купувачи преку создавање, испорака и комуницирање на супериорна вредност на потрошувачот. Маркетинг менаџментот ги олеснува активностите и функциите што се вклучени во процесот на задоволување на потрошувачите со стоки и услуги.
Маркетинг менаџментот е анализа, планирање, спроведување и контрола на програми дизајнирани за да се оствари посакуваната размена со целните пазари. Маркетинг менаџментот се занимава со подготвување на програми, пред сѐ, врз основа на внимателна анализа и прогнозирање на состојбите на пазарот и извршување на програмите со цел да се остварат целите на компанијата. Плановите за продажба на компаниите во голема мерка почиваат врз барањата и мотивите на потрошувачите на пазарот. За да се постигне оваа цел, компанијата треба да внимава на вистинската цена, ефективно промовирање на продажбата, дистрибуција и стимулирање на потрошувачите преку нудење најдобри услуги.
Маркетинг менаџмент – Ленче Петреска, Алекса Стаменковски
500.00 ден со ДДВ
Корица: мека
Број на страници: 440
Баркод:9786084689690
Број на страници: 440
Баркод:9786084689690
Димензии: 17,6 х 25
Поврзани продукти
350.00 ден со ДДВ
500.00 ден со ДДВ
Купи!
500.00 ден со ДДВ