Смарт боенка со ликови кои оживуваат со помош на Вашиот смартфон!
Витезите од легендите оживуваат на страниците на оваа боенка. 3D ликовите се движат, зборуваат (македонски јазик), а можете и да се фотографирате со нив!
Ова е многу повеќе од обична боенка. Со помош на смартфон или таблет, преку апликацијата «3D AR Knight» страниците и ликовите од оваа боенка оживуваат – ќе се запознаете со храбриот витез Артур, неговиот верен помошник, малиот бел тигар и неговиот мудар ментор. Помогнете им во битката против лошите витези. Тие одговараат на твојот допир, разговараат (на македонски јазик) и ги покажуваат нивните боречки вештини. Одбери ја твојата омилена сцена и ќе можеш да се фотографираш со храбриот витез Артур и да ги објавиш фотографиите на социјалните мрежи.
Апликацијата за смартфони и таблети функционира на Android (4.0 или понов), како и на iPhone (4 или понов) и iPad (2 или понов).
Внимавајте: За да бидете сигурни дека апликацијата ќе функционира непречено, обидете се да не боите преку задебелените црни линии на сликите.