Имагинариумот на Доктор Сонѕе

500.00 ден со ДДВ

Имагинариум е втора книга на Никола Ристевски, прва во печатена верзија.
Во последните пет години авторот има подготвено повеќе книги на различни теми, кои се во подготовка за издавање.
Во книгата Имагинариум можат да се прочитаат собрани текстови, пишувани во периодот од 2011 до 2016 година. Книгата е напишана и уредена од Никола Ристевски, издавачка куќа е Меѓународниот Центар за Славјанска Просвета, рецензијата е напишана од македонскиот уметник Александар Станковски, кој создаде и истоимена слика, инспирирана од содржината на книгата, предговорот од Домагој Николич од Хрватска, коментарот од Стојчо Керев од Бугарија, а поговорот од Велимир Абрамович од Србија.
Книгата Имагинариум е потпишана со псевдонимот Доктор СонЅе, и полека прераснува во првата македонска езотериска книга која наскоро ќе биде објавена и во аудио верзија.

Категорија: