Неисцрпната имагинација на писателот, мислител и врвен интелектуалец Јордан Ѓорчев посебно доаѓа до израз во неговото најново прозно дело Господинот М.
Раскажувајќи ја волшебната приказна за Господинот М авторот не води во една непозната но само од него претпоставена цивилизација во која човекот го има истиот лик и облик како и денешниот но се друго е поинакво, необично, непознато, фасцинантно. Тоа е еден нов, еден сосема можен свет, свет од фантазијата на писател кој во енормни количини располага со способноста да погледне во иднината и тоа свое видување на новотo време кое неумитно доаѓа да ни го пренесе и нам, на читателите преку страниците на романот Господинот М.