Монографијата „Електоралните процеси во македонската транзиција“ од проф. д-р Јагода Митревска преставува една нова перспектива и увид во исторските и политолошките процеси во рамките на период на транзицијата на современата македонска држава во периодот од 1985 до 2014 година.
Ова академско дело несомнено ги содржи сите елементи на научен труд кој е еден од ретките трудови во проучување на општествената транзиција т.е. преминот од еднопартискиот систем на екс-југословенските земји во повеќепартискиот систем и самостојност на ново создадени држави, на македонската држава и нејзините предизвици кон долгиот пат на поставување на темелните вредност на меѓународно признавање на земјата се до внатрешната политичка состојба.