Овој учебник има за цел да му помогне на специјалистот – психолог во изборот на методи и форми за дијагностицирање на карактеристиките на личноста, како претпоставка за развој на девијантно насочено однесување. Покрај тоа, предложениот теоретски дел исто така нуди посебен дијагностички блок, во кој има збир на „психолошки алатки“. Тие го помагаат дијагностичкиот процес, а изборот која од нив да се користи е во согласност со целите кои си ги поставил психодијагностичарот. Самата реализација на психодијагностичкиот процес не го вклучува само чинот на спроведеното истражување, туку и неговата подготовка, известување за истражувачките „стапици“ во кои психологот може да падне, како и значењето на методите и методологиите што се користат. Предложен е модел на „структурна класификација на методите за дијагностицирање на лице со девијантно однесување“, кое ги опфаќа главните фази на психодијагностичкиот процес, како и содржината на личниотпсихолошки профил.