Обидите да пронајдете лектирско влијание во стиховите на Јордан Ѓорчев,без разлика дали од јазично-стилски,мотивски или друг аспект однапред се осудени на неуспех.Неговите стихови се само негови,оригинални,без разлика дали некогаш ќе ве потсетат на нешто далечно,а недефинирано,дали нудат творечка зрелост или не.Тој,некогаш делува наивно,си игра со зборовите и мислите како со детска играчка,ги расфрла низ сите страни на поетската лабораторија,чиниш секој од нив,и збор и мисла,случајно се нашле таму,му испаднале,а тој немал намера или сила да ги врати на вистинското место.Но, кога ќе почнете да го истражување тој ред на нередот или обратно,ќе се изненадите дека всушност станува збор за неверојатна длабока осмисленост на случајноста и дека секој обид да се постави друг поредок,би значел злосторство.
Чекори еден ден осамен – Јордан Ѓорчев
350.00 ден 250.00 ден со ДДВ
Корица: мека
Број на страници: 54
Баркод: 9789989271861
Димензии:21 x 14,8 cm
Поврзани продукти
500.00 ден со ДДВ
500.00 ден со ДДВ
Академско пишување
380.00 ден со ДДВ
500.00 ден со ДДВ