Веб страницата https://mcsp.mk/ е во сопственост на МЦСП дооел, Свети Николе.
Оваа страница е наменета за да ги информира посетителите на веб страницата за нашата политика во врска со прибирањето, користењето и складирањето на личните податоци во случај да сакаат да ја употребуваат нашата веб страница.
Одлуката да ги користите услугите кои ги нуди оваа веб страница значи дека вие се согласувате Вашите лични податоци да бидат прибирани и употребувани соодветно со нашата Политика за приватност. Личните информации што ги прибираме се користат исклучиво за обезбедување на нашите услуги и вршење на достава на порачаните материјали, како и подобрување на нашите услуги. Ние нема да ги користиме нити споделуваме Вашите податоци со трети лица, освен оние споменати во Политиката за приватност.
Условите кои се наведени во оваа Политика за приватност се во согласност на содржината на Условите за користење, кои се достапни на следниов линк, освен ако не е поинаку назначено.
Прибирање на информации и нивно користење
Со цел да може да се вршат услугите кои ги нуди оваа веб страница, ние може од Вас да побараме определени лични податоци вклучувајќи ги Вашето име и презиме, телефонски број, домашна адреса и слични податоци кои се потребни за извршување на услугата. Информациите што ги собираме ќе бидат користени за да Ве идентификуваме, контактираме и да Ви ги доставиме нарачаните материјали.
Податоци што се прибираат при најавување
Кога и да ги користите услугите што ги нуди оваа страница, Вашиот пребарувач до нас доставува информации кои може да вклучуваат IP адреса, верзија на пребарувач, страници кои ги посетувате на нашата веб страница, време и датум на посета, колку време се задржувате на една страница и слични статистички податоци.
Колачиња (cookies)
Нашата веб страница може да употребува колачиња – датотеки кои се зачувани на хард дискот од Вашиот компјутер и преку Вашиот пребарувач ни доставуваат информации за типот на Вашиот пребарувач и оперативен систем и сл. Колачињата се користат за прибирање информации со цел подобрување на услугите кои ги нудиме и прилагодување кон Вашите потреби. Вие ќе знаете кога колачињата ќе се снимаат на Вашиот хард диск имате опција да ги прифатите или да одбиете. Ако го одбиете снимањето на колачињата, тогаш делови од нашата веб страница можеби ќе нема да бидат достапни за користење.
Користење на услуги од трети лица
Во нашата работа можеби ќе вклучиме трети лица или компании од следниве причини:
- подобрување на нашите услуги
- да обезбедуваат услуги наместо нас
- да ни помагаат во анализата за тоа како се користени нашите услуги
Овие лица/компании може да имаат пристап до Вашите лични податоци единствено поради извршување на задачи кои се побарани од наша страна. Тие се обврзани да не ги користат Вашите лични податоци за друга цел.
Сигурност
Ние ја цениме добербата која ни ја укажувате кога ги споделувате Вашите лични податоци со нас и затоа ги применуваме сите достапни решенија за да ги заштиттиме. Но запомнете дека ниту еден метод или префрлање на податоци преку интернет или електронско складирање на податоци не е 100% сигурно и затоа не можеме да гарантираме апсолутна сигурност.
Линкови до други веб страници
Нашата веб страница може да содржи линкови до други веб страници. Доколку кликнете на кој било линк кој води до друга веб страница, ќе бидете пренасочени кон таа страница. Тие страници не се под наша контрола и препорачуваме да ја разгледате Политиката за приватност на тие страници. Ние не сме одговорни за содржината која е објавена на тие страници, политиката за приватност и начинот на кој се користат Вашите податоци.
Заштита за деца
Иако производите и содржините што ги нудиме се наменети за деца, ние свесно не собираме податоци од малолетници. Доколку сте родител или старател и сте забележале дека Вашето дете ги користи услугите на оваа страница без Ваша дозвола, контактирајте не за да преземеме соодветни мерки.
Промени во Политиката за приватност.
Со цел подобро да се заштитат Вашите податоци, ние може да ја менуваме Политиката за приватност од време на време. Затоа, Ве советуваме да ја проверувате периодично во случај на промени. Промените што ќе се направат на оваа страница стапуваат на сила од моментот на објавување.
Датум на последни промени – 09.09.2017.
Контакт
Во случај да имате прашања или предлози за нашата Политика за приватност, слободно контактирајте не.
info@mcsp.mk