Откако ќе направите порачка на нашата веб страница нашиот тим ќе Ве контактира телефонски за да ја потврди порачката. Нашиот тим може да ве контактира во еден од овие термини:
- од понеделник до петок помеѓу 10:00 и 15:00 часот или
- во сабота помеѓу 10:00 и 14:00 часот.
Телефонскиот контакт е потребен за да можете лично да ја потврдите порачката на материјалите и за да го намалиме ризикот од грешки во оставените податоци.
- Како се врши испораката?
- Испораката на порачаните материјали се врши преку Брза пратка на целата територија на Р. Северна Македонија.
- Како се плаќаат порачаните материјали?
- Плаќањето на материјалите и доставата се врши на врата, директно на Брза пратка кога ќе Ви бидат доставени материјалите.
- Може ли да се направи промена во порачката?
- Промена може да се направи само доколку порачката не е проследена до компанијата за достава. По проследување на порачката до компанијата за достава, истата не може да биде променета или надополнета.
- Може ли да се откаже порачката?
- Откажување може да се направи само доколку порачката не е проследена до компанијата за достава. По проследување на порачката до компанијата за достава, истата не може да биде откажана.
- Дали во цената на материјалите е вклучена достава до мојот дом?
- Цената на доставата до Вашиот дом автоматски се додава во кошничката пред завршување на нарачката. Сите материјали се плаќаат во готово директно на Брза пратка, во моментот кога ќе Ви бидат доставени.
- Како ќе знам кога точно ќе пристигне порачката?
- Компанијата за достава ќе Ве побара на телефонскиот број кој го имате оставено неколку часа пред доставата.
- Која е цената за една испорака?
- Цените за испорака ги определува Брза пратка. Доставата на една порачка до Вашиот дом е 140 денари. Нашиот тим ќе се потруди навремено да ги обезбедува точните информации за цената на достава, но не може да одговара за можните промени во цените на доставата.
- Колкава ќе биде вкупната сума за плаќање?
- Вкупната сума за плаќање ќе биде еднаква на сумата што ја имате добиено при порачувањето. По завршувањето на порачката ќе Ви биде генерирана фактура по која ќе се врши плаќањето.
- За колку време се врши испораката?
- Откако порачката ќе биде потврдена од Ваша страна, нашиот тим ја доставува порачката до Брза пратка уште истиот ден.
- Колку време е потребно за да пристигне порачката откако ќе биде испратена?
- Вообичаено за 48 часа порачката треба да пристигне на Вашата адреса. Бидејќи Брза пратка не врши прием, превоз и испорака на пратки во неработни денови (недела и празници), некогаш можеби ќе биде потребно подолго време за да пристигне порачката.